Првите финалисти на „Макфест“


Џокси, Сара Гигова, Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Лина Пејовска, „Тајфата“ и Димитар Андоновски, Симона Попоска, Игор Узунов, Пепа и Мина Блажев се првите десет финалисти од првата полуфинална вечер на годинешното издание на „Макфест“ што се одржа синоќа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Како што беше претходно најавено, годинава има измени во гласањето, односно за судбината на финалистите одлучуваат две жирија – едно стручно и едно медиумско, како и публиката од салата, а телефонското гласање е укинато.

Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер, а пак финалето е во сабота. За натпреварувачите и нивните тимови се предвидени награди, и тоа 5.000 евра за прво место, 4.000 за второ и 3.000 за трето. Предвидени се и други награди од по 500 евра во повеќе категории.