Првата жена на Трамп без шминка: Ивана Трамп шокираше во Сен Тропе


Франција-Бизнисменката Ивана Трамп (69) позната по првиот брак со сега американскиот претседател Доналд Трамп шокираше со својот изглед во монденскиот Сен Тропе. Во фустан со цветен дизајн кој и ги откриваше сите маани и без шминка, прошета со своето куче во елитното одморалиште на светскиот џет-сет. Во Сен Тропе Ивана се чувствува како дома, па не и беше гајле што со својот партнер и навечер го избра истиот фустан но со малку подеран изглед.

Видливи се естетските операции на лицето на Ивана и вишокот килограми на 182 см висина. Некогаш гламурозната и вита Ивана веќе е непрепознатлива.

Зад себе има четири брака. Со Доналд Трамп беше во брак 15 години и имаат три деца: Иванка, Доналд помладиот и Ерик.

Од мажите најдраг и е Италијанецот Росано Рубиконди, 23 години помлад од неа, со кого и по 10 години од разводот е блиска и одмара заедно во Сен Тропе.