Пратеничка иницијатива за одлагање на Брегзит
Лоднон – Би требало Лондон да ја разгледа можност за одлагање на Брегзит бидејќи е можно да нема доволно време за постигнување договор со Европската унија пред Британија да го напушти тој блок, соопшти одбор на британски пратеници.
Одборот на Долниот дом на британскиот Парламент за напуштање на ЕУ во соопштение нагласува дека ако главните аспекти на идните односи со ЕУ останат нерешени до октомври, Британија треба да се фокусира на „ограничено продолжување“ на своето членство во блокот.
Во денешниот извештај пратениците наведуват дека за предложениот преоден рок од околу две години би требало да постои можност за продолжување во случај на потреба.
Седум членови од одборот во кој се 21 пратеник, а кои се залагаат за Брегзит, одбија да го потпишат извештајот подготвувајќи алтернативна верзија. Во извештајот се нагласува загриженост поради „недоволен напредок“ во решавање на клучното прашање за одржување отворени граници меѓу Севрна Ирска и Република Ирска по Брегзит.