Правосудство.мк: Набрканата обвинителка од СЈО, избрана во организиран криминал


Како залудни се покажаа очекувањата на „ПРАВОСУДСТВО.МК“ дека ќе следи реакција по укажувањата дека меѓу кандитатите за обвинител во Јавното обвинитслство е и сега веќе избраната Марија Ѓоргова, за која се знае дека, веднаш по нејзиниот избор, беше набркана од Специјалното јавно обинителство, а згора на се е во блиски роднински односи со актуелниот претседател на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјов, пишува порталот.

Токму Советот на јавни обвинители, помеѓу останатите кандидати, за нов обвинител во Основното јавно обвинителство вчера ја избра Марија Ѓоргова. Според нашите сознанија Штерјов учествувал во гласањето и наводно гласал воздржано, но неговото присуство било за да се обезбеди кворум, а со тоа гласањето да биде законско, иако токму од Советот се очекуваше да каже зошто Ѓоргова била набркана од СЈО и да потврди или да одрече дека му е внука на актуелниот претседател Штерјов.

Изборот на Ѓоргова предизвика голема резигнираност меѓу нејзините колеги. Целиот текст прочитајте го на pravosudstvo.mk.