По 5о години музичка кариера: Елтон Џон се пензионира


Англија- Легендарниот пејач, сер Елтон Џон најави повлекување од музичката сцена. Џон одлучил дека повеќе нема да оди на турнеи и дека е време, после 50 години, да се збогува од настапите.

Медиумите на островот пишуваат дека британската ѕвезда се одлучила на овој чекор поради лошата здравствена состојба. Минатата година тој заврши на интензивна нега, бидејќи за малку можел да го загуби животот како последица на бактериска инфекција, за време на настап во Јужна Америка.

„Не знаев колку сум болен и колку е опасно тоа што е во мене, се додека не отидов на скенер. Се тестирав после девет настапи и повеќе од дваесет летови“, изјави тогаш Елтон Џон.

Иако музичарот и минатата година најави дека ќе се повлече, неговиот сопруг и менаџер Дејвид, изјави тогаш дека Елтон нема да прекине со музиката.

„Сите имаме некои работи кои не одржуваат во живот. Некои луѓе одлучуваат да се пензионираат, да не работат ништо, но за Елтон тоа би требало да биде казна. Тој живее за својата публика“, вели тој.