По 20 години во „Гучи“: Моќната Микаела ќе го спасува „Ферагамо“


Италија– Модната куќа „Салваторе Ферагамо“ со седиште во Милано го именуваше поранешниот извршен директор на „Гучи“ како извршен директор за повторно отворање на брендот, откако објави пад од 23 отсто од профитот во првата половина од годината.

Италијанскиот луксузен бренд објави дека Микаела Ле Дивелек Леми, која поминала 20 години работејќи за францускиот конгломерат „Керинг“, неодамна беше назначена за главен извршен директор. Ле Дивелек е генерален менаџер на „Ферагамо“ од април.

Во „Гучи“, таа беше финанскиски директор, главен оперативен офицер и генерален директор за потрошувачи. Таа исто така беше извршен директор на порцеланскиот производител „Ричард Гинори“.

„Ферагамо“ вели дека профитот се намалил на 59 милиони евра во првите шест месеци од годината, од 76 милиони евра во 2017 година. Приходите се намалија за 6 проценти, на 674 милиони евра (789 милиони долари), со намалување на продажбата на обувките на брендот од 5,5 отсто, а профитот од чанти и додатоци остана рамен.