По 14 години отсуство од ревии: Наоми Кембел се разголи за „Валентино“


Франција- Некогаш најплатениот модел во светот, Наоми Кембел (48) , прв пат, по 14 години, носеше креации на италијанската луксузна модна куќа „Валентино“. Британската манекенка изненади на пистата на Модната недела на висока мода во Париз, во проѕирен црн фустан, во кој се наѕираше нејзиното топ-тело.

Наоми лани најави дека планира да се пензионира. Кембел ја нема на модните писти од 2005 година, но странските медиуми известуваат дека таа останала во пријателски однос со повеќето дизајнери и дека често може да се види во првите редови на ревиите.

Легендата од светските модни ревии Наоми Кембел претходно, на Неделата на машка мода во Париз за прв пат ја покажа природната коса, која сега и е кратка. По години вештачки екстензии, манекенката вели дека целата коса и опаднала, па сега внимава околу негата и дозволува природната да и порасне.

-Јас сум препознатлива по долгата коса, но време е здравјето да го ставам пред изгледот, изјави Кембел.