По „Харли Дејвидсон“, уште еден производител на мотори ќе го пресели производството во Европа


Компанија во американската сојузна држава Минесота изјави дека размислува да го пресели производството на некои мотоцикли надвор од САД поради европските царини, неколку дена откако „Харли Дејвидсон” соопшти сличен потег.

Портпаролката на „Поларис индустрис” рече дека компанијата може да премести дел од производството на своите мотоцикли „Индиан” од Ајова во Полска.

-Проучуваме разните олеснителни планови, рече Џес Роџерс. Според неа, „ништо не е конечно”.

Во фабриката на „Поларис индустрис” во Спирит Лејк, Ајова, работат околу 650 лица.

Компанијата „Харли Дејвидсон” претходно оваа недела соопшти дека ќе го премести производството за европски пазар од САД во Европа поради европските царини, кои беа наметнати како одговор на американските царини врз челикот и алуминиумот.