По трагедијата со Астори уште еден фудбалер почина во сон
Фудбалерот на францускиот второлигаш Тур, 18-годишниот Томас Родригез денеска бил пронајден мртов, соопштија локалните медиуми.
Ова е втор случај на ненадејна смрт на фудбалер, откако само пред неколку дена почина капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, поради застој на работата на срцето.
Француската фудбалска федерација не изнесе детали за случајот, но според локалните медиуми фудбалерот утрово е пронајден мртов во својот кревет и најверојатно починал во сон.
Поради смртта на Родригез неговиот тим го одложи денешниот натпревар.