По притисокот од Турција, Сараево му го одзеде признанието на Орхан Памук


Градската управа на Сараево под притисок од Турција ја повлече одлуката на писателот Орхан Памук да му се додели признание почесен граѓанин на Сараево, пишува британскиот весник „Гардијан“.

Признанието почесен граѓанин оваа година требаше да му се врачи на Орхан Памук, но тоа, според зборовите на некои градски советници, нема да се случи.

Причината, според советникот од партијата Наша странка во градскиот совет на Сараево, Вибор Ханџиќ, е неподобноста на Орхан Памук во моментов кај властите на Република Турција и неговото спротивставување на политиката на Турција за затворање на политики неподобните интелектуалци, писатели, новинари и неговата отворено пишување за ужасните злосторства против Ерменците.

Во текстот на „Гардијан“, меѓу другото, се наведува дека издавачката куќа „Бајбук“ го номинирала Памук во пресрет на неговата посета на Сараево, но се случил пресврт во вториот круг, бидејќи четири члена гласале против доделувањето признание на Памук, иако првично седум членови биле за.