По половина век, падна снег во Мароко


Прв пат во последните 50 години, снег падна во југоисточниот дел на Мароко и според метеоролозите тоа е резултат на ладниот бран кој ја зафати земјата.

„Вашингтон Пост“ објави дека во Загора паднало од 5 до 8 сантиметри снег.

Овој феномен е последица на ладниот бран кој најмногу го погоди подрачјето Аин Сефру, северен Алжир, каде што ова се случува трет пат во последните 4 децении и каде во текот на зимата, температурата може да падне до десет степени под нулата.