По мислењето на Врховен, ВМРО-ДПМНЕ сака да го одмрзне имотот, судот не дава


Судија на претходна постапка отфрлил како неосновани две жалби што ги поднеле од ВМРО-ДПМНЕ по правното мислење што го донесе Врховниот суд, со кои бараат да се испита дали дејствијата на СЈО со кои барале да се замрзне имотот се законски или не, брифираат извори од СЈО.

Инаку ВМРО-ДПМНЕ поднесе и две жалби со кои се бара укинување на мерките за обезбедување на имотот на партијата по кои досега не е одлучувано. Имотот на партијата е замрзнат на барање на Специјалното јавно обвинителство кое води истрага во случајот „Талир“. По барање на СЈО, а со одлука на судот беа зармзнати 69 имоти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и седиштето на партијата позната како Белата палата. Со оваа мерка се забранува продавање на конкретниот имот, како и давање под закуп на истиот.

За партијата ова е политички прогон, а лидерот на партијата Христијан Мицкоски ја обвини специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева дека го уценувала да даде поддршка за законот со кој се решава статусот на СЈО, за да го одмрзне имотот на партијата. Јанева ги отфрли обвинувањата на Мицкоски и рече дека имале средба, но никогаш не го уценувала.

Токму поднесувањето на обвинението за предметот „Талир“ беше повод адвокатите на обвиненетите во случаите на СЈО да поднесат иницијатива, а Врховниот суд да утврди правно мислење со кое СЈО е ненадлежно да поднесува обвиненија 18 месеци по преземањето на прислушуваните материјали.