По Гучи, Версаче и Барбери: И Шанел им кажа „не“ на крзното и егзотичните кожи


Франција– Францускиот луксузен бренд „Шанел“ ќе се откаже од крзното, крокодилската и другите егзотични кожи во своите колекции и ќе се преориентира на материјали од растително потекло, изјави Бруно Павловски, претседател за мода во „Шанел“. Во иднина брендот ќе се фокусира во пронаоѓање на соодветни материјали кои ќе ја имираат егзотичната кожа ама нема да ја загадуваат животната средина.

„Шанел“ беше препознатлив по луксузните чанти од змиска и крокодилска кожа, а уметничкиот директор Карл Лагерфелд е уметнички дитектор и во „Фенди“ кој е препознатлив по користењето на крзното во своите колекции.

Луксузните брендови „Гучи“, „Версаче“ и „Барбери“ го исфрлија крзното од своите колкеции, а Том Форд најави дека нема тоа да го направи сѐ додека не се најде соодветна замена на крзното и егзотичните кожи.