Почувствувај го мирисот на празниците: Sublime Nature Tonka Bean


ШВЕДСКА- Како мирисаат празниците? На ванила, бадем, цимет и карамела. Така мириса најновиот парфем на „Орифлејм“- Sublime Nature Tonka Bean. Сместен во елегантно шишенце, со неоткриен мирис на зрното тонка од Бразил. Природа и модерна префинетост на вашето тело и коса. Го креира мајсторот-парфимер Натали Лорсон, која претходно работела за Ив Сен Лоран, Долче и Габана и за Роберто Кавали.

„Зрното тонка е амазонско богатство што ги открива своите богати страни на ванила, бадем, цимет и карамела. Мирис инспириран од природата. Заводлив, но истовремено и свеж, вели Лорсон, една од 12-те мајстори за парфеми во целиот свет.