Почна судењето за „Титаник 2“, Тачи и Мијалков дојдоа на суд


Лидерот на ДПА Мендух Тачи и поранешниот директор на УБК Сашо Мијаков претпладенво дојдоа во Кривичниот суд каде што се одржува рочиште за предметот „Титаник 2“ на СЈО во врска со изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Покрај Тачи и Мијалков, во овој случај обвинети се и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев, кои исто така се присутни на рочиштето.

Предметот го води судијата Огнен Ставрев, а обвинението на СЈО го застапува обвинителката на СЈО Фатиме Фетаи.

Според „бомбите“ што ги објави СДСМ, а кои се прифатени како докази во судската постапка, Мијалков и Тачи се договарале за гласање на членови на ДИК во однос на поднесени приговори.