Почна новата сезона во Мото ГП: Првата трка за Довициозо


Возачот на Дукати, Андреа Довициозо се избори за победа под рефлекторите во денешното Гранпри на Катар на отворање на новата сезона во Мото ГП шампионатот. Италијанецот стартуваше од втората позиција, зад победникот на вчерашните квалификации Маверик Вињалес на Јамаха, и со одлично возење успеа да мине прв низ целта со предност од само 0.023 секунди пред второпласираниот Марк Маркез. Трето место на подиумот го резервира Кал Крачлоу од екипата на Хонда Кастрол.

Валентино Роси беше во многу подобро издание за разлика од квалификациите, а од незавидната стартна 14-та позиција успеа да се пробие патот до петтото место на крајот со заостанување поголемо од пола секунда зад победникот на денешната трка.