Судири во Франција: солзавец, апсења и оклопни возила


Протестите на „жолтите елеци“ во Франција утрово почнаа драматично, со апсење на 320 лица и фрлање солзавец. На улиците се распоредени 89.000 полицајци и оклопни возила на француската жандармерија.

Француската полиција соопшти дека утрово превентивно се уапсени 320 лица под сомнение дека планирале насилства врз луѓе или уништување објекти. Превентивните апсења се спроведени при контролата на личните исправи и претрес на демонстрантите на главните пунктови каде утрово се собираат.

Во делови на Париз дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите, по што безбедносните сили употребија солзавец. Во обид да стасаат до Елисејската палата беа пресретнати од полициските сили, по што избија судирите.