Почина Ќемал Џафа, прв градоначалник на Дебар во плурализмот


На 75 годишна возраст ненадејно почина Ќемал Џафа, првиот градоначалник на Дебар во плурализмот, кој оваа функција ја извршуваше во два мандата.

Ќемал Џафа е роден во 1944 година во селото Ковашица, кај Шупензи, околија Пешкопеја, Република Албанија. Основно училиште завршил во Дебар, а средно во Тетово. Во 1976 година дипломирал на Електротехникот факултетот при Универзитетот во Приштина.

Работел како наставник во дебарското село Селокуќи, професор во средното училиште „19 ноември“ во Приштина, како инженер во текстилниот комбинат „Новост“ во Дебар, во градежната компанија “Солитер” во Гњилане, а беше и дирекор на Електродистрбуција-Дебар.

Тој е еден од тројцата градоначалници кои го потпишаа основачкиот акт за формирање на Тетовскиот универзитет. Беше претседател на разгранокот на Партијата за демократски просперитет, член на Централното претседателство на партијата, а во два мандата советник од оваа партја во Советот на Општина Дебар.

Погребот ќе биде утре на градските муслимански гробишта во Дебар.