Почина најсуровиот убиец на 20 – от век (ВИДЕО)
Американскиот убиец Чарлс Менсон, одговорен за смртта на 35 лица почина на 83-годишна возраст во затворската болница.
Меѓу неговите жртви е и актерката Шерон Тејт, сопруга на режисерот Роман Полански, која била во осмиот месец од бременоста.
Менсон минатата недела беше префрлен во болница од затворот, а таму починал.
Тој стана убиец со кукаст крст на чело. Важи за водач на секта и еден од најпознатите криминалци во САД.
Во затвор помина повеќе од 40 години.