Почина научникот што го популаризираше терминот „глобално затоплување“


Климатологот Волис Смит Брокер, познат како научникот кој го популаризираше терминот „глобално затоплување“, почина синоќа во болница во Њујорк на 87-годишна возраст, по неколку месечно боледување, објави „Вашингтон Пост“.

Главен научен интерес на Брокер, беше улогата на океаните во промените на климата.

Тој го популаризараше терминот „глобално затоплување“, кој во широка употреба се појави откако беше објавена една негова статија во 1976 година.

Во неа научникот го предвиде сегашното покачување на температурите, како резултат на високото ниво на емисии на јаглерод диоксид во атмосферата.