Почина кумашинката на Хитлер, погребана во необележан гроб


Кумашинката на Адолф Хитлер, закопана е во неозначен гроб откако почина на 80-годишна возраст. Еда Геринг беше ќерка на Херман Геринг, кој беше заменик на германскиот диктатор, јавува Independent.
Херман Геринг кој беше заменик на Хитлер, одигра клучна улога во нацистичкиот режим, воспоставувајќи ја страшната Гестапова тајна полиција.
Иако умрела во декември, за нејзината смрт се дозна вчера. Старицата е закопана на гробиштата во Минхен. Точната положба на нејзиниот гроб не се знае.
Еда Геринг е родена 1938 година, една година пред почетокот на Втората светска војна. Откако нацистите се поразени во 1945 година, нејзиниот татко е осуден на смрт поради воени злосторства. На денот кога требаше да биде погубен, извршил самоубиство.
Со години Геринг се бореше со властите за татковиот имот кој му бил одземен по војната. Имотот вклучувал и голема збира уметнички дела украдени од музеи и приватни збирки.
Во 2015 година го побарала имотот за да може да живее, но нејзините барања биле одбиени од германските власти.
Еда Геринг многу ретко зборуваше за своите родители. но во 1989 година рече дека имала многу убаво детство поради љубовта и грижата од нејзините родители. Додаде дека верува оти нејзиниот татко во тоа време го работел она за што верувал дека е најдобро за Германија.
Таа никогаш не се омажила и работела во болничка лабораторија.