Почина кралот на модата Карл Лагерфелд


Познатиот моден дизајнер Карл Лагерфелд почина денеска во Франција на возраст од 85 години, објави „Фигаро“.

„Дизајнерот, фотограф и стилист беше во особено лошо здравје во изминатите неколку недели“, пишува „Фигаро“.

Карл Лагерфелд е роден во Хамбург во богато семејство на банкар. Во 1952 година се пресели во Париз, а во 1974 година ја основа својата линија – „Карл Лагерфелд импрешн“, а девет години подоцна стана уметнички директор на модната куќа „Шанел“.

Тој, исто така, соработува со Клое, Фенди и други лидери во модната индустрија.

Дизајнерот е вљубеник во фотографијата, автор е на неколку книги, сопственик на уметничка галерија во Париз и основач на издавачка куќа.