Почина Клаус Кинкел, поранешниот министер за надворешни работи на Германија


Клаус Кинкел, германски политичар и министер за надворешни работи за време на војната во Босна и Херцеговина, почина на возраст од 82 години, објавија германските медиуми.

Кинкел ѝ е познат на јавноста во БиХ по изјавата дека се чувствува одговорен за трагедијата што се случи во Сребреница бидејќи не можел да стори ништо за да го спречи тоа.

Кинкел беше долгогодишен претседател на партијата ФДП на германските либерали. Додека беше германски министер за надворешни работи, беше првиот што предложи формирање трибунал за справување со воените злосторства во поранешна Југославија, по што беше формиран Хашкиот трибунал.