Почина боксерската легенда Марјан Бенеш


На 67-годишна возраст, почина легендата на југословенскиот бокс – Марјан Бенеш. Тој беше европски првак во аматерски и професионален бокс. Почина во својот дом во Бања Лука, пренесуваат медиумите во БиХ. Срцето на еден од најдобрите боксери на овие простори престана да чука по долгогодишната борба со болеста. Минатата година беше примен во Клиничкиот центар во Бања Лука поради висок притисок и општа слабост на организмот. Имаше Алцхајмерова болест. За лошата состојба заслужно беше неговото минато. Имаче преболено жолтица, изгуби око, уништени му беа гласниште жици, а во војната преживеа пекол. Имаше 26 скршеници на рацете. Последните години од животот ги мина во скромниот дом во Бања Лука, без парични средства што би му овозможиле соодветна здравствена помош.