Почесни Оскари за Лало Шифрин и Сисили Тајсон


САД– Аргентинскиот композитор Лало Шифрин, познат најмногу по неговата тема во “Mission: Impossible” ( “Невозможна мисија”), ќе добие почесен Оскар заедно со актерката Сисили Тајсон и публицистот Марвин Леви. Исто така ќе се почестени за време на 10-тите годишни награди на членовите на академијата на 18 ноември во Холивуд и продуцентите Кетлин Кенеди и Френк Маршал, кои се сопружници и ќе ја добијат наградата “Ирвинг Г. Талберг”, именувана по легендарниот извршен директор на истоименото студио.

“Изборот на почесни награди секоја година е најсреќниот настан во работата на членовите на Академијата”, рече Џон Бејли, претседател на Академијата за филмски уметности и науки, која ги доделува Оскарите.

“Оваа година, изборот на пет симболични уметници го направија 54 директори на Академијата”, додаде тој.

Леви ќе биде првиот новинар кој некогаш добил почесен Оскар. Тој работи одамна со Стивен Спилберг и ги раководи рекламните кампањи на такви филмови како “Крамер против Крамер”, “Блиска средба од третиот вид” и “Листата на Шиндлер”.

93-годишната Тајсон, која ја започна својата кариера како модел, пред да се занимава со глума, беше номинирана за Оскар за нејзината изведба во филмот “Sounder” од 1972 година. Меѓу другите нејзини филмски улоги се “Фрид зелени домати” и “Помош “.

86-годишниот Шифрин, кој ја напишал музиката за повеќе од 100 филмови, меѓу кои и „Булит“ и „Валканиот Хари“. Кенеди, која стои зад последните серии на “Војна на ѕвездите”, е првата жена која добива “Талберг”, која последно беше врачена од страна на Академијата во 2009 година на Френсис Форд Копола. Таа и нејзиниот сопруг  продуцираат голем број на филмови, вклучувајќи “Шесто  сетило” и “Чудесниот случај на Бенџамин Батон”.

Почесните Оскари се доделуваат секоја година “за исклучителни достигнувања во животот и одличен придонес во киното“. Наградите на членовите на Академијата беа создадени како посебен настан во 2009 година, за да се даде поголем акцент на добивање на статуетки надвор од преполната програма на главното шоу.