Потпретседателот на БЕСА поднесе оставка
Зекирија Ибрахими повеќе не е потпретседател на Движењето Беса. Тој денеска поднесе неотповиклива оставка на оваа функција, со образложение дека никој не е незаменлив и дека никој не е над партијата.
Ибрахими воедно порача дека нема да биде кандидат за претседател на Беса на претстојниот прв партиски конгрес. Тој на својот ФБ профил порача дека „во знак на почитување на вредностите поставени од Движење Беса, а по резултатите на локалните избори во трката за градоначалник на Чаир, поднесувам оставка“.