Потег на годината на Леброн Џејмс (видео)


Кливленд Кавалирс беше поразен на домашен терен од Филаделфија 76 со 108:97 во натпревар од регуларниот дел на НБА лигата.

На „кавси“ не им помогна многу одличната игра на Леброн Џејмс, кој заврши со 30 поени, осум асистенции и девет скокови.

Сепак долго ќе се памети потегот на „кралот“, кој направи неверојатен дриблинг.

Играчот на Филаделфија, Џоел Ембид беше до Џејмс, кој пак ја „протна“ топката низ нозете на соиграчот Томпсон, кој му правеше блок.

На Томпсон не му беше јасно што направи ѕвездата на Кливленд и каде е топката, а Дарио Шариќ не успеа да го задржи при силен контакт.