Посни ванилици со цимет и бадеми


Потребно е:

500 г брашно
300 г путер на собна температура
150 г шеќер во прав
½ чаша мелени бадеми
1 лажица цимет
1 кесичка ванилин шеќер
20 мл бадемово млеко (може и вода за замена ако немате)
Шеќер во прав за посипување на ванилиците

Подготовка: Во сад за месење ставете ги брашното, путерот и ванилиниот шеќер и измешајте. Додајте го бадемовото млеко, мелените бадеми и циметот, па добро измесете ја смесата. Смесата треба да биде со средна тврдина, не треба да се дроби ниту да се рони. Подготвеното тесто покријте го со најлонска фолија и оставете го да стои околу 20 минути. Откако тестото ќе се „одмори“, направете кора и со помош на калапи направете колачи со форма по желба. Наредете ги во плех, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и оставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 Целзиусови степени, за време од 10 минути. Печените ванилици треба да бидат со светла боја. Посипете ги со шеќер во прав, а по желба и со малку цимет.