Последниот Дедо Мраз од „My tear“ и Пеце од „Суперхикс“


Музичкиот состав „My tear“ издадоа песна заедно со пејачот и музичар Петар Младеновски, познат како фронтмен на „Суперхикс“.
Песната чиј наслов е „Последниот Дедо Мраз“, доби и видеозапис изработен од Горјан Атанасов.
„Последниот Дедо Мраз“ е емотивна, но во исто време и забавна нумера, која на прво слушање влегува во уво. Оваа песна е еден вид најава за албумот на „My tear“, кој се очекува да излезе во март, под капата на „Балкан велики“.
„My tear“ го сочинуваат Дени Крстев, Васко Атанасоски, Мартин Митевски и Кристијан Лафазановски. Овие имиња веќе и се познати на јавноста како дел од „Бернејс пропаганда“, но под ова име нудат нова музика и стилски поразлично од „Пропаганда“.