Портпаролот на Меј не исклучува Брегзит без договор
Портпарол на британската премиерка Тереза Меј не исклучи брегзит без зделка. Тој го изјави тоа во одговор на соодветно барање на лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин.
– Премиерката беше многу јасна дека британските граѓани гласаа за напуштање на Европската унија. Сакаме да ја напуштиме ЕУ со договор, но Меј е решена да ја изврши одлуката на британскиот народ, а таа е да ја напуштиме Унијата на 29 март оваа година, изјави портпролот на Меј.
Претходно, Корбин ја повика Меј да исклучи можност за брегзит без договор.