Порошенко: Во Донбас има 500 руски тенкови


Претседателот на Украина Петро Порошенко тврди дека во Донбас се наоѓаат повеќе руски тенкови, отколку што има во неколку европски земји.
Според извештајот на Киев, во прашање се 496 руски тенкови, пишува агенцијата UNIAN.
„За ваша информација тој број е поголем отколку во Германија, Франција, Шпанија или Италија“, изјави Порошенко во текот на дебатата во Генералното собрание на ОН.
Освен тоа, украинската страна во Донбас пронашла оклопни транспортери (938 единици), повеќецевковни фрлачи на ракети (138) и артилериски системи (776).
Порошенко изјави дека Украина стана „реален источен обод на НАТО во заштита  на трансатланската слобода и демократија“.