Порно глумицата Сторми Даниелс позираше за „Вог“


САД- Порно глумицата Сторми Даниелс (39) позираше за октомвриското издание на американскиот „Вог“ во скапа тоалета на Зак Позен од 4 илјади долари и со накит „Тифани“.

На гламурозната фотосесија на славната фотографка Ени Либовиц, во хотел во Њујорк, позираше и нејзиниот адвокат Мајкл Авенати, кој учествуваше и во интервјуто.

Сторми меѓу другото, за „Вог“ открива за моментите кога адвокатот Мајкл Кохен на Трамп и нуди 130 илјади долари за да молчи за секс аферата со американскиот претседател.

Сторми неодамна се  разведе од сопругот Глендон Крејн, тапанар во хеви метал група,  по три години брак. Двојката е заедно една деценија и има седумгодиншна ќерка. Како причина е наведена разлики во карактерот. Ова беше трет брак за Даниелс.

Трамп ги негираше тврдењата на порно глумицата дека имала афера со него, иако извори блиски до опкружувањето на претседателот признаа дека девојката добила 130.000 долари како дел од спогодбата да молчи.

Таа неодамна беше уапсена за време на настап во стриптиз клуб во градот Колумбус, зашто, како што беше соопштено од полициските власти, „му дозволила на гостин од публиката да ја допре на сцената“. Потоа полицијата ги повлече обвинувањата против Даниелс заради грешки во апсењето.