Поради снимање филм пренасочен сообраќајот на патот Радовиш – Штип


Од 7:00 часот утрово, поради снимање филм, сообраќајот на патниот правец Радовиш – Штип, на четири километри се пренасочува десно, кон Републичка сообраќајна полиција за влез во Штип, соопшти Автомото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, застои и ограничувања по претежно суви коловози, освен на повисоките осојничави места.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.