Поради обвиненија за сексуално вознемирување на Ар Кели му е забранет влез во Филаделфија


Градот Филаделфија усвои закон со кој симболично му забранува на пејачпт Ар Кели да го посети овој американски град.
Во четвртокот на 31 јануари градскиот совет на Филаделфија едногласно усвои резолувија со која изразува дека Ар Кели не е добредојден во овој град. Иако, со овој закон стриктно не се забранува појавување на пејачот во Филаделфија, тој служи како „јавна изјава дека овој град не го поздравува неговото присуство“.

Неодамна е прикажан филм за жртвите на сескуално насилство на овој пејач, кој го привлеќе вниманието на јавноста. Но, Ар Кели се уште ги негира тврдењата.

„Верувам дека Ар Кели и предаторите како него треба да бидат посрамени и протерани од јавниот живот“, вели Хелен Џим, еден од иницијаторите за усвојување на наведениот закон.

Истрагата за овие дела е во тек и пејачот се уште не е осуден за ни едно дело за кое е обвинет.