Поради ниски температури во Токио откажани повеќе од сто летови


Ладен зимски бран го зафати Токио и околината, поради што се откажани  повеќе од 100 полетувања и слетувања на аеродромот во Токио.

Во центарот на Токио, до пладне по локално време, падна снег од еден сантиметар, а температурата е под нула.

Екстремно ладно време го погоди и најсеверниот дел на островот Хокаидо, каде што температурите паднаа на минус 20 степени.