Поп-ѕвездата Софи Елис –Бекстор го роди петтиот син


Англија– Британската пејачка и модел Софи Елис-Бекстор му подари на сопругот Ричард Џонс петти син, пишува  ” Daily Express “. Софи лично ја пренесе веселата вест со објавување фотографии од нејзиното новороденче на Инстанграм.

Петтото машко дете на Софи Елис-Бекстор ќе се вика Мики Џонс.

Пејачката има четири постари момчиња – Сони, Кит, Реј и Џеси. Синовите на 39-годишната пејачка се на возраст меѓу 14 и две години.

Софи и Ричард се сопружници од 2005 година.