Попокатепетел исфрла пепел и врз јужното подрачје на Мексико Сити


Вулканот Попокатепетел исфрла пепел што стигна и до јужниот дел од Мексико Сити.

Националнито центар за превенција на катастрофи го предупреди населението да го напушти подрачјето на вулканот поради активност во кратерот и регистрирани 183 емисии на гас и пепел во изминатите 24 часа.

Геофизичарите регистрирале засилена активност на вулканот што се наоѓа на 72 км југоисточно од Мексико Сити.