Поплавите во Европа ќе бидат се почести


Поплавите ќе станат се почести во Европа поради глобалното затоплување, дури и ако светот успее да го ограничи порастот на температурите на 1,5 степени Целзиусови, предвидуваат научниците во студијата објавена во магазинот „Клима“.

Авторите на истражувањето предвидуваат три сценарија: глобално затоплување од 1,5 до три степени во однос на прединдустрискиот период.

Најоптимистичкото сценарио за глобалното затоплување предвидува дека штетите предизвикани со излевање на реките во Европа двојно ќе ги зголеми износите, на околу 15 милијарди евра годишно, а бројот на лица загрозени од природните катастрофи ќе порасне за 86 отсто, односно 650.000 годишно.

Според најлошото сценарио, ако температурата се зголеми за три степени, штетата ќе биде 145 отсто поголема, односно 17 милијарди евра годишно и ќе загрози 780.000 лица (што значи пораст за 124 отсто).