Формула 1: Пол-позицијата во Баку за Фетел


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на трката во Баку за Големата награда на Азербејџан од шампионатот во Формула 1.

Германецот трет пат по ред е најбрз во квалификациите.

Веднаш до Фетел од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес, актуелен шампион во Ф1.

Од вториот ред како трет трката ќе ја почне Валтери Ботас од Мерцедес, а по него се возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Макс Ферстапен, па Кими Раиконен, итн.

Почетокот на главната трка во Баку е утре од 14 часот и 10 минути.