Полицијата со детали за несреќата во Кочани: Едно лице почина и четворица се повредени
Четириесет и седумгодишниот кочанчанец Н.Ј. починал вчера, а четири лица од Штип, Кочани и Крива Паланка се здобиле со тешки телесни повреди откако од засега непознати причини кај кочанската градска капела биле потиснати од мермерни плочи кои се излизгале при нивно истоварување од контејнер од товарно возило во кое се наоѓале.
МВР соопшти дека Б.Н. (27) од Штип, З.А. (26) од Кочани и М.Ј.(21) од Крива Паланка веднаш по незгодата биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје, а М.З. (59) од Кочани е пренесен во Медицински центар – Кочани.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица – Кочани. Со одобрение на јавен обвинител, телото на починатиот Н.Ј. е предадено на семејството.