Полицијата пронашла оружје кај германски државјанин во Скопје


Педесет и тригодишен германски државјанин доби кривични пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Полицијата соопшти дека вчера по наредба од Основниот суд Скопје 1 извршен е претрес во неговиот дом на улицата „Црногорска“ при што пронајдени се еден пиштол „М-57“ калибар 7,62мм со една рамка со осум куршуми.

Педесет и тригодишниот А.Ф.М. е задржан во просторииите на Единицата за недозволена трговија.

На 15 ноември против него е поднесена уште една кривична пријава откако е извршен претрес во неговиот дом при што се пронајдени 118 куршуми калибар 7,62х25мм и 11 куршуми калибар 6,35мм.