„Политико“: Постигнат договор за Брегзит


Преговарачите за Брегзит постигнаа договор за излез на Велика Британија од Европската унија, објави денеска порталот „Политико.еу“ од Брисел, повикувајќи се на тројца дипломати на ЕУ.

Тројца високи дипломатски претставници на ЕУ кои инсистираа да останат анонимни, исто така, за британски медиуми рекоа дека се договорени условите за одвојување на Велика Британија од Унијата, но, други извори запознаени со разговорите, велат оти тоа не е случај.

Високи претставници на ЕУ, кои учествуваат во преговорите, одбија да коментираат дали е постигнат договор.