Покрај инсистирањето на Таравари, гостиварскиот совет не го изгласа буџетот за 2018


По седум часа дискусии и спротиставување на аргументи, членовите на советот на општина Гостивар не го изгласаа Предлог буџетот за 2018 година.

Третата седница која имаше долг дневен ред (44 точки) заглави на првата точка и покрај неколкуте паузи за координации и договарање. Претседателот на советот, Насер Муслиу не успеа да ја стави првата точка на гласање, заради многуте дискусии и спротиставени ставови. По последната пауза, од службите беше кажано дека се одложува на неодредено време.

Градоначалникот Арбен Таравари инсистраше да се гласа без оглед каков ќе биде исходот. Од советниците од коалицијата на ДУИ и СДСМ во дискусиите бараа да се направат измени и дополнувања на буџетот.
Буџетот е проектиран на 16,8 милиони евра и за прв пат се стави на распарава.

Општина Гостивар сè уште го нема изгласано буџетот за 2018 година откако дојде до прегуприрање и политичките поделби помеѓу мнозинството предводено од ДУИ и СДСМ од една, и општинската администрација со која раководи градоначалникот кој доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците.

Заради ова, локалната самоуправа времено се финасира, а имаше проблеми и со иплатата на вработените во образованието и администрацијата.

Доколку до крајот на март не биде изгласан овој финансиски документ, може да дојде распуштање на советот и распишување на нови избори за членови на советот.