Поканети 2500 граѓани на свадбата на принцот Хари


Англија– На венчавката на британскиот принц Хари и неговата свршеница Меган Маркл која ќе се одржи на 19 мај во палатата Виндзор се поканети над 2500 граѓани, соопшти Кенсингтонската палата. Гости од сите делови на Велика Британија ќе имаат можност да го проследат пристигнувањето на младенците како и свадбената поворка.

Хари и Маркл сакале да им овозможат на граѓаните да бидат дел од прославата.

“Оваа венчавка, како и сите останати, ќе биде момент на забава и радост кој ќе ги одрази карактерот и вредностите на невестата и младоженецот”, соопшти Кенсингонската палата.

Меѓу 2640 гости ќе бидат 200 претставници на хуманитарни организации, ученици од локалните училишта и припадници на локалните заедници.

Британскиот принц Хари и актерката Меган Маркл ќе се венчаат точно на пладне на 19 мај во капелата Св. Џорџ во палатата Виндзор.