Пожар пеплоса ресторан во Дебар Маало


Синоќа околу 03:00 часот по полноќ во Скопје, во угостителскиот објект на улица „Дане Крапчев“ во сопственост на 47-годишниот С.Б. избувнал пожар.

Според информациите на МВР, од пожарот биле зафатени и три патнички возила, сопственост на С.Б., Г.Р. и А.М., кои биле паркирани пред објектот.

Пожарот бил изгаснат од екипи на Противпожарна единица Скопје. Полицијата презема потребни мерки за расчистување на случајот.