Опожарени три тезги на Зелен пазар во Скопје


Пожар попладнево избувнал на Зелениот пазар во Скопје.

Опожарени три тезги на Зелениот пазар во Скопје, една целосно изгорена, а кај две е опожарена кровната конструкција. Пожарот е изгаснат.

Командирот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е изгаснат навреме, а во гаснењето интервенирале со четири противпожарни возила. Засега не се познати причините на пожарот.