Пожар во Лисиче, опожарени хаварисани возила


Пожар избувна во близина на каналот во Лисиче, а според првичните информации, опожарени се половни хаварисани возила.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје за МИА потврдија дека на терен се испратени четири противпожарни возила, а повеќе информации најавија за подоцна.

Засега не се знае која е причината за пожарот.