Пожар во запуштена куќа во Кавадарци


Пожар во запуштена куќа, збиралиште на зависници од дрога, избувнал попладнево во Кавадарци.

Од кавадаречката територијална противпожарна единица потврдија за МИА дека имале пријава за пожар во запуштен објект во строгиот центар на градот. Веднаш интервенирале на самото место и благодарение на навремената пријава и интервенција, спречиле пожарот да се прошири на околните објекти.

Според првичните согледувања, можно е пожарот да бил предизвикан од цигара, но вистинските причини дополнително ќе се утврдуваат.