Пожарот кај Петровец ставен под контрола


Поради запалена трска кај каналот на потегот од Ржаничино до Таор во општина Петровец вечерва интервенираше екипа на Противпожарната бригада на Скопје.

Пожарот е ставен под контрола, а на терен се интервенирало со две противпожарни возила, велат од противпожарната служба за МИА.

Како што информираат, на истата локација поради потпалена трска интервенираат секој втор ден.