Пожарот во Министерство за образование уништи клима уред


Утринава околу 7:45 минути избувнал пожар во Министерството за образование на булевар Св.Климент Охридски, но за среќа нема поголема штета.

Како што велат од Министерството за образование и наука за „Независен весник“, причината за пожарот е клима уред.

„Утрово на еден од погорните катови од нашиот објект, од страна на вработени забележано е дека излегува чад од една од просториите, при што веднаш е интервенирано од нивна страна, а воедно е пријавено и во соодветните служби, односно во Противпожарната единица во Скопје, како и Министерството за внатрешни работи. Констатирано е дека се работи за опожарен и уништен единечен клима уред, кој предизвикал и оштетување на ѕидот на кој бил поставен. Друга материјална штета не е предизвикана“, велат од Министерството за образование.